ОТВОРАЊЕ НА ЛУНА ПЕТ – 26.05.2016 година

Ете и тоа се случи… Нашата желба каде ќе ја пружиме сета љубов, не само на нашето крзено пријателче, туку и на сите оние крзнени точиња кои ќе не посетат, се оствари на 26.05.2016 година.

Полни со возбуда, подготвени сме вредно да работиме, да ги дадеме најдобрите совети за нашите миленици и да ја пружиме најдобрата услуга на нашите потрошувачи.

Искрено веруваме дека, заедно со Вас и Вашата поддршка, ќе го живееме нашиот сон, а тоа е овој пет шоп да го претвориме во земјата на чудата за нашите миленици.