ЛУНА ПЕТ ПОТПИША МЕМОРАНДУМ ЗА МЕЃУСЕБНА СОРАБОТКА СО ЈП ЛАЈКА-СКОПЈЕ

Со голема радост Ве известуваме дека ЛУНА ПЕТ потпиша Меморандум за  меѓусебна соработка со ЈП ЛАЈКА-Скопје, со кој, како што стои во дел од текстот на Меморандумот, со голема радост се обврзува на секое бездомно куче, кое ќе биде вдомено од ЈП Лајка-Скопје, да му подари една торта.

Упатуваме искрена благодарност на директорот на ЈП Лајка-Скопје, Воислав Димитровски, за неговото залагање околу оваа наша, меѓусебна соработка, за која како што самиот истакна, е со цел заеднички придонес во градењето на културата за вдомување на бездомни кучиња и подигање на јавната свест за одговорно сопствеништво.

Се надеваме дека овој чин за секое вдомено куче од ЈП Лајка-Скопје ќе претставува среќно одбележување на почетокот на заедничкото живеење со неговите нови сопственици во новиот дом.