„И СКОПЈЕ ИМА МИЛЕНИК“ – мултимедијално ЦД

Со голема радост Ве известуваме дека во печат излезе мултимедијалното ЦД под наслов „И Скопје има миленик“ од авторката м-р Деспина Ковачева Алексовска, посветено на културата на урбаното живеење со куче – миленик.

Ова ЦД е издадено под покровителство на Град Скопје, за што ја искажуваме нашата голема благодарност.

Мултимедијалното ЦД е наменето за младите и децата, за сите љубители на домашни миленици – кучиња, како и на оние кои имаат намера да вдомат некое од нив, па поради тоа и имаат потреба пошироко да се информираат.

Да не заборавиме: Културата не е нешто што се прави, културата се живее и тоа секојдневно, во секој миг од животот.

Мултимедијланото ЦД по наслов „И Скопје има миленик“ можете да го погледнете во следниот PDF документ: И СКОПЈЕ ИМА МИЛЕНИК – ЦД