II ЛИКОВЕН КОНКУРС ЗА ДЕЦА ОД ПРЕДУЧИЛИШТНА И УЧИЛИШТНА ВОЗРАСТ

П О В И К

ЗА

 II ЛИКОВЕН КОНКУРС ЗА ДЕЦА ОД ПРЕДУЧИЛИШТНА И УЧИЛИШТНА ВОЗРАСТ

 

По повод започнувањето на новата учебна година, Луна Пет по втор пат организира детски ликовен конкурс:

Нацртај го твојот „pet“ за одличен 5,

наменет за деца од предучилиштна и училиштна возраст, на тема:

Mоето милениче мојот свет“

 

Кој има право да учествува?  Сите деца до 14 годишна возраст.

Што треба да направам? Да нацрташ и обоиш лист од блок број 5, каде со сета твоја мечта ќе ни го претставиш својот миленик: куче и/или маче.

Како ќе се знае дека е мој цртежот? На позадината на листот треба да стои:

  • за деца од предучилиштна возраст: Име и презиме, година на раѓање, адреса, е-маил и телефон за контакт;
  • за ученици: Име и презиме, име на училиштето, одделение, адреса, е-маил и телефон за контакт.

 

Детските цртежи треба да се достават најдоцна до 20-ти ОКТОМВРИ на адреса:

Луна Пет Бул. 3-та македонска бригада бр. 43 Лок 9. Аеродром 1000 Скопје

Стручно Жири ќе одбере 5 најдобри цртежи од двете категории, а Луна Пет ќе им додели диплома и награда, т.е. вредносен ваучер во износ од 1.000 денари, кои ќе можат да ги искористат за миленикот во Луна Пет Шоп

 на ден САБОТА 22-ри ОКТОМВРИ 2022 год.

*Бидејќи Луна Пет е специјализирана продавница за кучиња и мачки, во конурсот ќе се разгледуваат цртежите на кои се претставени само кучиња и мачиња.

Сите цртежи ќе бидат поставени на Блог на веб страната на Луна Пет.

Сите информации можете да ги добиете на:

нашата веб странa:     https://lunapetshop.com.mk/

нашите телефонски броеви: 02 2455 233 и 070 209 773

и на е-маил:  lunapetcom@gmail.com

 

ДРАГИ ДЕЧИЊА,

СО ОГРОМНО ЗАДОВОЛСТВО ОЧЕКУВАМЕ ДА ГИ ВИДИМЕ ВАШИТЕ МИЛЕНИЧИЊА НА ВАШИТЕ ПРЕКРАСНИ ЦРТЕЖИ!!!

ТИМОТ НА ЛУНА ПЕТ