АВАНТУРИСТИЧКИ ПРЕДИЗВИК НА ИНСТАГРАМ – САВА ОСИГУРУВАЊЕ & ЛУНА ПЕТ

По повод интернационалниот ден на животните 04-ти октомври 2022 година, втор пат по ред заедно со САВА Осигурување го организиравме овој  супер авантуристички предизвик на инстаграм со главен лик – Вашиот миленик. И оваа година, исто како и лани, благодарение на сликите од Вашите крзнени пријателчиња кои ни ги пративте, не можевме долго време да престанеме да се смееме.

Порано кучињата се знаеше дека беа за дома или пак за во двор. Ама сега ни е незамисливо да правиме нешто без нив, па затоа тие доаѓаат секаде со нас.

И тогаш започнуваат сите наши заеднички АВАНТУРИ!

Токму тоа беше и предизвикот, раскажаната Ваша авантура, со Вашето крзнено пријатече, секоја посебна, незаборавна и никогаш повторлива, секако, надопонета со слика од тој  авантуристички „настан“J

Среќни сме што огромниот интерес кој го пројавивте лани, доведе овој настан повторно да го организираме и оваа година, а се надеваме дека така ќе биде и следните години.

Заедно ја градиме традицијата!