НОВОГОДИШНА ФОТОСЕСИЈА 2023

Најнестрпливо очекуваниот настан во Луна Пет, Новогодишна фото сесија за мачиња и кучиња, под раководство на Богдан, нашиот веќе добро познат фотограф.

Два термина по цел ден, и малку ни беше дружбата со крзнените пријатечиња и нивните сопственици, секако сите со новогодишен аутфит.

Колку многу ја сакаме оваа сезона, со црвени џемперчиња и чорапчиња, со новогодишни пакетчиња под елка, како за нас, така и за нашите души. А тие, секако, знаат дека е тоа за нив и знаат да се радуваат.