ОБОИ МЕ НОВОГОДИШНО vol. 2

Креативни рачиња и љубопитни кученца се секогаш присутни на нашиот омилен настан „ОБОИ МЕ НОВОГОДИШНО“ vol. 2.

Ви благодариме дечиња за преубавата дружба со Вас и Вашите крзнени пријателчиња, како и за прекрасно обоентите лампиончиња кои сега ни ја красат нашата елка.

Се гледаме следната година, повторно заедно да боиме ламиони за на елка.