ЉУБОВТА КОН КУЧИЊАТА – ПРИЧИНА ЗА ДЕТСКА КРЕАТИВНОСТ

Се сеќавате ли на ЛИКОВНИОТ КОНКУРС ЗА ДЕЦА ОД ПРЕДУЧИЛИШТНА И УЧИЛИШТНА ВОЗРАСТ, кој по повод почетокот на учебната година, по втор пат по ред го реализиравме во месец септември 2022 година?

Сега сакаме да Ве запознаеме со Милан Нечевски, еден од добитниците на наградите.

Милан е ученик во III –то одделение во Основното Училиште Ѓоргија Пулевски во Аеродром, Скопје.

Неговата искрена и неизмерна детска љубов кон кучињата е толку јасно искажана во неговите креативни цртежи, кои не можат да бидат завршени, доколку на нив нема нацртано куче.

Браво Милан, заслужено!