GENDER REVEAL PARTY – МАШКО Е ИЛИ ЖЕНСКО?

Многу сме возбудени што во радоста за дознавањето на полот на бебето во семејството, нивното кученце, секако член од истото семејство, ја играше „главната улога“.

Имено, ни беше нарачана торта од Кујната на Луна за GENDER REVEAL PARTY  (забава за откривање на полот на бебето), каде кученцето преку гризнувањето на тортата, дали внатре е розева или плава, ќе го открие полот на бебето во семејството.

На нашата радост и немаше крај. Ја направивме тортата со огрома љубов.

И знаете што, бебето е машко!!! Нека е здраво и живо, големо да расте, да се гордееме со него  и многу радости да ни донесе.