Ротационо хранење-што значи и дали е за моето милениче?

Исто како и ние, нашите миленици може да имаат многу придобивки од ротирање на храната. Кога тие ја јадат истата храна постојано може да им стане досадна, да изгубат мерка и да јадат повеќе или помалку, да не ги добиваат сите потребни нутриенти или пак да станат нетолерантни на истата. Замисли да ја јадеш истата храна секој ден без никаква промена.  На некои миленици тоа им е во ред и сакаат да ја јадат истата храна, додека пак други секогаш бараат нешто ново па затоа овој начин на хранење е идеален за нив.

Запомни: не постои најдобра храна за миленици- постои храна која е соодветна за потребите на твоето милениче! Не може да знаеш што е најдобро, затоа треба да менуваш или ротираш бидејќи потребите на милениците се менуваат постојано.

За разлика од стандардниот начин на хранење каде секогаш ја купуваш истата храна за твоето милениче, ротационо хранење е кога во одреден период ја менуваш храната или изворот на месо. Поедноставно: секоја недела или месец дена ја ротираш храната на твоето милениче. Со овој начин на хранење милениците имаат голем број на придобивки како: побрзо варење на протеини, развиен дигестивен тракт, помалку интолеранција кон храна, јадење соодветна количина на храна и слично. Може да ја ротираш храната и да додадеш сува, мокра, сирова и слично- но мора да го направиш на правилен начин.

Напомена: ротирање и менување на храна не е исто! Кога менуваш храна најчесто значи дека го менуваш брендот (односно начинот на производство на храна) и тогаш најчесто милениците имаат проблем со дигестија. Во тој случај храната се менува постепено, согласно со табелата подоле за безбеден трансфер на храни:

Дали сите миленици сакаат ротирање на храна? Апсолутно дека не, исто како што сите миленици не се исти, нели? Има миленици кои постојано бараат промена на храна, додека пак други се задоволни со истата храна и не им е проблем. Освен оние миленици кои имаат здравствени проблеми или се на медицинска храна, тогаш се препорачува консултурање со ветеринар пред да се направи промена.

Наједноставно може да почнеш со менување на изворот на месо во храната, ако твоето куче или маче јаде храна која е на база на кокошка, тогаш пробај храна со јагнешко, телешко или риба. За почеток земи мала количина за да видиш како твоето куче ќе ја прифати. Ако имаш миленик со чувствителен стомак, пробај да ја ротираш храната со табелата погоре.

Како да знам дека треба да го префрлам миленикот на ротационо хранење?

  • Ако веќе не ја јаде храната како порано
  • Ако не внесува доволно храна во текот на денот
  • Ако има нагли промени во тежината
  • Ако има дигестивни проблеми
  • Промени во изметот (запек, какање почесто од вообичаено, течна столица)

Како можам да ја ротирам храната на моето милениче?

  1. Менување на извор на протеин- ако миленикот јаде храна со кокошка, тогаш смени со риба, јагнешко, мисирка и слично. Сепак најдобро би било да останеш на истиот бренд, бидејќи промената ќе биде полесна зошто менуваш само извор на протеин, а не начин на производство на храната.
  2. Менување помеѓу сува и влажна храна- промената на текстура на храната не само на вкусот е одлична идеа. Додај конзерва еднаш во недела или месец дена или пак смени на дехидрирана храна. И мали промени може да сменат многу на долг рок.
  3. Додај топер на храната – може да го почастиш твојот миленик со додавање на мало изненадување во храната кое сигурно ќе го обожава. Дали е тоа малку пауч или конзерва, доволно е една мала лажичка за да даде нов вкус на храната. Кај кучињата може да се додаде и една мала лажичка грчки јогурт.

Секоја мала промена во храната може да е одлична идеа па затоа ротационата исхрана е одлична за голем број на миленици. Ако ти е потребно повеќе информации или помош секогаш може да се обратиш на нашиот лиценциран нутриционист за повеќе помош.

Напишете коментар