Базен L

6.000 ден

Кој не обожава базени и шлапкање со вода на долгото топло лето? Зарем има некој такви? Па тешко, ама знаете дека зборуваме за кучиња нели, ова не е базен за нас луѓето. Освен ако не решат да го делат со нас 🙂

Специјално дизајниран за нашите крзнени пријатели кој нуди огромна забава и освежување со ладна вода во летните денови. Изработен од високо издржлив материјал и лесен за поставување. Само го отварате и поставувате, воздушна пумпа не Ви е потребна. Формата на базенот може да ја поставите како ви одговара, дали за време на поставувањето или потоа. Тоа значи дека ќе се вклопи на секаков простор, дали на некој ќош, тераса и секој простор може да се искористи ефективно.

На надворешната страна на базенот има отвор каде водата лесно може да се испразни без мака, брзо и едноставно.

Внимание: Играта во базенот секогаш треба да е под надзор на сопственикот на кучето. После секое користење да се провери базенот од камчиња, листови или кал за да биде безбеден за следното користење. Исто така користење на скршени и остри играчки не се препорачуваат за време на користење на базенот. Откако ќе завршите со играта во базенот, кучето треба да се избања со чиста вода и да се исуши. Внимавајте на ушите!

Димензии на малиот базен: висина- 20 cm, ширина- 160 cm

Категорија: Ознаки: , , ,