Гумена четка Zen

260 ден

Гумена четка со кратки запци која е лесна за користење бидејќи има рачка која ја држи стабилно во рака. Овој тип на четка е наменета за кучиња со кратко влакно (џек расел, доберман, јазовичар) која може да се користи на мокро или суво крзно. Поради гумените запци оваа четка го масира крзното, поттикнува подобра циркулација и со тоа повеќе сјај на влакното. Главна цел на оваа четка е да ги бутне паднатите влакна од крзното и со тоа се намалува митарењето.

Правилно четкање е во насока на растење на влакното со кратки движења во истата насока со слаб до среден приситок. Оваа четка е нежна кон кожата и може да се користи секојдневно, со тоа е соодветна и за мали кутриња.

После користење лесна е за чистење. Достапна во три бои.

Шифра: Не е достапно Категорија: , Ознаки: , , ,