Приколка за точак за миленици Remco

25.400 ден

Дали сте спремни за нови авантури и освојување на нови територии, сега заедно со Вашите миленици? Ако ти или твоите пријатели сте љубители на авантури или возење со точак, сега веќе милениците не мора да останат дома. Запознајте се со приколката за точак Remco!

Направена од високо квалитетен полиестер која нуди удобен превоз и заштита на милениците кои се возат внатре. Може да се закачи за точак или за Е-точак со 2 приклучоци и систем на безбедносно заклучување, како и два федери кои ја амортизираат тежината. За дополнителна безбедност во приколката има два приклучоци со кои ги закачувате милениците (препорачливо на градник) за максимална безбедност при возењето.

Има неколку места со мрежа кои може да ги отворите при возењето или пак да ги внесете милениците внатре. Тркалата се со гума и рефлективни делови, исто така низ целата приколка има рефлективни елементи за подобра видливост.

Ако имаш едно или две кучиња сега може заедно да го истражувате светот или околината на Вас, со добра опрема и приколка заедно може да шетате секаде!

Максимална брзина: 13 km/h

Димензии: 80 x 57 x 64 cm

Максимална тежина: 45 kg

  • Има заменски делови на лагер или за нарачка, прашај во дуќан за повеќе информации.

 

Категорија: , Ознаки: , , , , ,