Седиште + торба Ida

3.700 ден

Новата колекција на Flamingo е посветена на удобноста на нашите миленици, особено во делот на превозот. Ова седиште се закачува да виси на седиштето и така вашиот миленик гледа низ прозорецот додека се возите. Се прикачува со 3 приклучоци кои се приспособуваат на секое седиште. Дополнително има и ремче на кое се врзува миленикот за дополнителна безбедност и така не може да скокне. Исто така има и 3 мали џепчиња за грицки или аксесоари.

Втората опција е да го користите како транспортер и торба за прошетки и надворешни активности.

  • Димензии: 44 x 34 x 32 cm
  • Maксимална тежина: 7 kg
  • Соодветно за 1 мало куче