Тањирче Royal Slowfeeder

1.250 ден

Slow feeder или тањирче за споро јадење кое не дозволува Вашето куче да ја изеде брзо храната. Во средината на тањирчето има 3 пречки помеѓу кои ја ставате храната и поради тие пречки кучето не може да изеде повеќе храна оддеднаш и со тоа значително се успорува времето на јадење.

Кога треба да купите вакво тањирче? Ако Вашето куче ја јаде брзо храната или пак ако повраќа одма после јадење бидејќи нема време да ја свари храната.

Предности на користење на slow feeder: споро јадење на храна,  се намалува шансата да се задави или да поврати после јадење, ментално ги стимулира, подобро се контролира порцијата со храна и се учи да ја џвака храната.

Royal Slow feeder е тањирче од меламин (високо квалитетна пластика) кое е многу издржливо со анти-бактериско дејство, со три препреки на средината и анти-слип дно кое спречива лизгање на рамни површини. Достапно во две големини во бела боја.

 

Шифра: Не е достапно Категорија: Ознаки: , , ,