Чешел за болви со рачка

400 ден

Чешел за отстранување на болви и јајце од крзното на Вашето милениче, малите кратки боцки со заоблен врв поминуваат детално низ крзното се до кожата за да се уловат сите екстерни паразити кои Вашето куче ги има низ крзното. Соодветно е за кучиња со кратко или долго крзно, а чешелот има гумена рачка која Ви помага подобро да го држите чешелот без да Ви падне.

Ако Вашето куче има болви, најдобро е да го користите после бањање со шампон за екстерни паразити со цел да извадите повеќе болви или јајца. Четкајте по редови на крзното и внимателно поминете го цело крзно, после секое четкање истресете го чешелот за да паднат сите болви или јајца. Кога ќе завршите со четкање убаво исчистете го и дезинфицирајте го чешелот.

Димензии: 21цм