Biospotix Ремче

500 ден

Ремчето BIOSPOTIX за мачиња и мачки е природен репелентен раствор базиран на ГЕРАНИОЛ и природни есенцијални масла за ефикасна превенција од надворешни паразити. Благодарение на растителниот комплекс на состојки и секако ГЕРАНИОЛ, Биоспотикс производите се ефективно, природно и еколошко решение за контролирање на штетните инсекти.

BIOSPOTIX производите обезбедуваат ефективна заштита против болви, крлежи и комарци.

BIOSPOTIX производите ги штитат милениците на природен начин благодарение на Гераниол кој ги дехидрира и задушува, т.е. ги блокира дишните патишта на инсектите. Ги дехидрира јајцата и ларвите на инсектите.

Ремчето се користи за да се засили ефектот на ампулите и е навистина практично. Кога ќе се стави на вратот на миленикот, ремчето го штити постојано и преку масното ткиво се распространува на целото тело.

Категорија: Ознаки: , , , ,