Новогодишен Базаар со Nalla the Pittle
Со огромна насмевка на лицето би сакале да Ве поканиме на нашиот Новогодишен Базаар со омилените марами на Nalla The Pittie! ![]()
Не постои подобар начин за да ја отвориме новогодишната сезона и да се дотераме пред елката за претстојните празници, па затоа Александра и Нала ни спремија колекција на Новогодишни бандани кои за ПРВ ПАТ ќе бидат достапни оваа Сабота!
Ние имавме шанса да ги видиме новите марами и може да кажеме дека се најубави до сега што сме виделе!![]()
Ние сме спремни и едвај чекаме да се дружиме со Вас оваа Сабота од 11 до 14 часот во Луна Пет.
Специјален гостин: Мартина од M&M хотелот за миленичиња
Ако планирате патување ова зимо и Ви е потребен хотел за Вашето милениче, тука ќе биде Мартина да Ви ги одговори сите Ваши прашања.
Се гледаме во Сабота! ![]()
