Добре дојдовте во второто омилено место на милениците (после Вашиот дом, секако) <3

Во Луна Пет веруваме дека милениците се членови на нашата фамилија! Нашата мисија уште од почетокот на нашата работа е да бидеме личности на кои им верувате, со високо-квалитетни производи и многу грижа за Вашите миленици, уште од првиот ден.

Основани од 2016 година со огромна љубов кон милениците, ние сме горди што сме дел од Вашето секојдневие за што и да Ви треба за Вашето куче или маче. Наш приоритет секогаш ќе биде здравјето и потребите на милениците и секогаш сме тука да споделиме совети, идеи или решенија на секојдневните проблеми.

Ви благодариме што не одбравте нас за грижа за Вашите најсакани!

“A happy pet is a happy heart.” 🐾

ЗА ШТО СЕ ЗАЛАГАМЕ

Нашата цел за отворање на Луна Пет е да Ви покажеме што е најдобро за Вашето милениче. Ние сме тука за Вас, да Ве информираме, да Ве едуцираме и да се дружиме заедно со нашите миленичиња. Исто како и за Луна, ние се посветивме и на Вашите миленици, да Ви обезбедиме квалитетни и разновидни производи во еден прекрасен амбиент каде може да не посетите заедно со Вашето милениче.

На нашите миленици им е потребна соодветна нега и внимание, а ние веруваме дека Вие им ја пружате сета љубов на светот. Дозволете ни на нам да Ви овозможиме безгрижна нега кон нив, нудејќи Ви разни прехранбени производи, производи за нега, хигиена, разни закуски, играчки и се останато што го посакувате и што мислите дека им е потребно.

Луна Пет се надева дека овие страници ќе Ви ги пружат сите потребни информации и ќе Ви станат вообичаен инструмент за да дознаете се што Ве интересира за Вашите миленичиња, а поврзано со нивното здравје, нега и исхрана.

На страниците на Луна Пет лесно ќе можете да дојдете до сите информации за Вашите миленичиња, да прашате за совет или пак да бидете дел со Вашите коментари и совети, кои секогаш ќе бидат добредојдени.

КОЈА Е ЛУНА?

Секако, Луна е газдарица и амбасадорка на нашиот бренд.

Таа е неодоливо и паметно куче, чувар на нашиот дом, наша среќа и инспирација за отворање на Луна Пет. Нејзината ведрина е двигател на нашите идеи и сето она што го сакаме за неа, во Луна Пет Ви го нудиме и Вам и на Вашето милениче.