Вработување

Здраво! Ние бараме уште една личност да се придружи на нашиот тим 🤩

Ако сметаш дека си личност која сака да работи со миленици, тогаш сигурно одлично би се вклопиле кај нас 🙂 Нам ни треба личност која знае како да се поврзе со милениците, а се останато ние ќе Ве научиме! Ние сме специјализирана продавница за кучиња и мачиња и секако фокусот на нашата работа се нивните потреби и барања пред се! 🐶🐱 Затоа бараме лице кое е отворено за работа која е полна со предизвици, сака да учи нови работи и секако да биде тимски играч бидејќи ние сме една голема фамилија! ❤

Еве кои се потребните квалификации:
– над 18 години
– искуство со продажба и познавање на англиски јазик е предност 
– ССС
– тимски играч
-конекција со миленици 
– одлично познавање на англиски јазик 
 
Работни обврски:
– работа со луѓе и домашни миленици 
– организација на производи 
– продажба и комуникација со клиенти
– оджување на хигиена во објектот 
– организирање и асистенција за примање пратки 
 
Ако сметаш дека можеш да работиш со крзнени опавчиња цело време и сакаш да бидеш дел од нашата фамилија, те молам испрати ни го твоето  CV  на нашата емаил адреса  lunapetcom@gmail.com 📨  Верувај ние сме една гооолема фамилија почнувајки од нашиот тим,  еден куп миленици и нивните сопственици! Ние сме многу повеќе од пет шоп, тука никогаш не е досадно!🥳
 
За сите останати прашања, контактирајте не на нашата емаил адреса. Ве очекуваме!