Абсорбер за влечење (шок абсорбер)

1,200 ден

Високо издржлив шок абсорбер кој едноставно се прикачува помеѓу ремчето/ градникот и поводникот. Соодветно ја распределува силата при нагло тегнење без разлика дали е промена на правец или ненадејно скокање од страна на нашите пријатели. Силниот и еластичен “ластик” е голема предност во секоја фаза на животот- додека е мало и живо кутре кое тек се учи на правилно шетање, или куче кое има силен  ловечки инстинкт или пак повозрасно куче чии коски се подложни на повреда.

Шок абсорберот исто така има и бенефит од страна на луѓето- чии зглобови, рамена и грб не страдаат од нагло потегнување. Затоа од сега ништо веќе не стои помеѓу тебе и пријатните прошетки со твоето милениче. Соодветно за прошетки, точак или планинарење.

Должина: 45цм

Категорија: Ознаки: , ,