Градник Divo зелено

3,040 ден3,700 ден

Дефинитивно има што да обожаваме кај Divo колекцијата- живи и богати бои, постава која е удобна и дозволува кожата да диши и секако сертифициран 3M™ Scotchlite™ Reflective Material reflector низ сите краеви за да бидете безбедни со Вашето милениче каде и да се шетате, без разлика во кое време од денот. Без разлика кој елемент на Divo го обожавате, едно нешто е јасно: едноставно ќе се заљубите во овој удобен градник  и сите негови погодности без разлика дали сте на прошетка или некоја спортска авантура.

Која е предноста? На градникот имате втор D-прстен, односно: покрај основнот прстен кој се наоѓа на грбот, овој градник има и додаден прстен и кај градниот кош на кој може да го прикачите поводникот. Така ќе ја имате целосната контрола врз Вашиот миленик во ситуации кога тегнењето при прошетките не може да се контролира. Штом ќе почне да тегне, градникот го врти накај Вас и со тоа ја нема можноста да тегне напред само.

Исто така Divo има 5 места каде се подесува и со тоа може да се вклопи во секаква градба на Вашето куче и да биде буквално како втора кожа ако го користите правилно. Ова е навистина вистинскиот избор за градник, затоа сега може да го разгалите Вашето кутре и да ги имате најпрекрасните нови авантури заедно.

 

Ресет
Шифра: N/A Категорија: Ознаки: , , ,