BT Life ортопедско помагало за дисплазија на колкови

12.750 ден13.150 ден

Протезата се користи за да им помогне на кучињата кои страдаат од дисплазија на колкот со намалување на болката благодарение на билатералната компресија што ја врши на колковите.Оваа протеза е ефикасна за сите степени на дисплазија, вклучувајќи го степенот Е (најтешкиот). Корисна е и за други патологии (на пример артроза на колкот). Одлично како алтернатива на операција во случај кучето да не може да се оперира. Изработена е од материјал кој во исто време прави компресија но исто така и дозволува кожата да диши. Дополнително материјалот е и лесен за перење и одржување.
BT LIFE доаѓа во комплет со 2 рачки прилагодливи по должина, кои може да се закачат на протезата доколку е потребно, со кои можете да му помогнете на кучето да се качи или да се симне од автомобилот или скалите. Рачките потоа може да се отстранат ако не се потребни.

Предности:

BT LIFE се состои од 2 цврсти дискови покриени со двоен слој од мек материјал со висока густина. Овие дискови создаваат компресија на двата колкови со тоа што ја зголемуваат телесната температура во областа и на тој начин ја намалуваат болката што кучето ја чувствува поради болеста. Постојаната употреба на протезата помага кон подобра благосостојба на животот на кучето со намалување на дел од ефектите од дисплазијата.

Карактеристики:

  • Намалување на болката благодарение на билатералната компресија на колковите.
  • Удобна е за носење.
  • Прилагодливи ремени и рачки.
  • Рачно перење.
  • 100% рачно изработени во Италија.
  • Препорачано и тестирано од ветеринари.

Водич за големини:

Шифра: Не е достапно Категорија: Ознаки: , , ,