Зошто е важно да се има чиста кожа кај кучињата?
Здравото и цврсто крзно потекнува од здрава и негувана кожа, која кај кучињата е тешко да се постигне поради густото крзно. Затоа не може лесно да се види дали кучето има здрава и хидрирана кожа, а најчеста причина е: пречесто бањање, недоволно сушење на крзното, исхрана со малку Омега 3 и 6 или нецелосно чистење на кожата при бањање. Така кожата станува чувствителна, сува, дехидрирана, со што се резултира со иритации, перутање, постојано чешање и опаѓање на крзното.
Кожата која е склона кон иритации е високо чувствителна кон состојки кои може повеќе да ја исушат кожата и со тоа да се направи поголем проблем. Затоа длабинска хидратација и чиста кожа е одлично за да се контролира црвенилото и да се намалат иритациите со цел да се создадат нови клетки кои ќе бидат здрави.