- Што значи hydro emulsion терапија и за кои кучиња може да се примени?
Здравото и цврсто крзно потекнува од здрава и негувана кожа, која кај кучињата е тешко да се постигне поради густото крзно. Затоа не може лесно да се види дали кучето има здрава и хидрирана кожа, а најчеста причина е: пречесто бањање, недоволно сушење на крзното, исхрана со малку Омега 3 и 6 или нецелосно чистење на кожата при бањање. Така кожата станува чувствителна, сува, дехидрирана, со што се резултира со иритации, перутање, постојано чешање и опаѓање на крзното. Терапија за емулзија на чувствителна кожа е за кучиња кои имаат веќе оштетена и многу чувствителна кожа, склона на алергии или опаѓање на крзното.
Хидро емулзија на кожата е терапија со која се штити и се негува горниот слој на кожата, со најголемо внимание кон липидите, односно масниот слој на кожата. Ако кучето има кожа со масно ткиво кое е здраво, силно и одржувано значи дека има здрава кожа со квалитетно и цврсто крзно. Така кожата е повеќе одбрамбена кон надворешни влијанија кои предизвикуваат иритации, чешање или алергии од екстерни извори(полен, трева, сретства за чистење од домот и слично). Исто така помага и во ситуации кога кучето има алергии од интерни иритации, со што го намалува влијанието на хистаминот (кои го испуштаат белите крвни зрнца) со што намалува чешањето. Така се добива чиста кожа и регенерирани клетки кои се здрави, цврсти и со тоа се намалува иритацијата на кожата и кожата останува хидрирана.