Книга Felis Catus во митологиите и урбаното живеење

150 ден

Книга за сите љубители на мачиња која  на забавен и едукативен начин не учи за подобро да ги разбереме мачките, соодветна за сите деца и возрасни. Лимитирано издание кое е специјално издадено за едно маче по име Пантер, кое беше најдено на улица и спасено за потоа да стане дел од нашиот живот. Пантер за жал не напушти рано, но секогаш остана во нашите срца а ние решивме неговото име да го направиме нераборавно и да го пренесеме цело знаење кое он не научи за мачките.

На мачорот Пантер кој ни донесе среќа за цел живот.

Сите собрани сретства за оваа книга ќе бидат донирани во шелтер центар за миленици “Victor’s Arc” кој со многу љубов се грижи за многу животни, затоа ние заедно може да помогнеме во неговата мисија. Ти благодариме што си дел од оваа акција! <3

Што може да прочиташ:

Мачките во митологиите и нивна историја

  • Мачките во историјата и културата на древните цивилизации
  • Мачките во религијата и суеверијата поврзани со нив

Културата на живеење со миленик

  • Што треба да знам за мачките?
  • Влијанието на мачките врз нашето здравје
  • Интересни информации за мачките
  • Што треба да знаете пред да чувате маче?
  • Нега за мачињата- дома или да ја препуштиме на професионалци?
  • Совети за како да го дресирате мачето дома
  • Како да се прекине навиката за гребење
  • Маче како милениче и принова во семејството
  • Како да ја запознаеш твојата мачка со кучето без да настане тепачка
  • Послушно и умно маче
  • Нега за мачките во летниот период
  • Нега за мачките во зимскиот период
  • На одмор со Вашето миленилче
  • Основните разлики помеѓу чување на куче и маче
  • Што никогаш не смеат да јадат мачките?
  • Супер храна за нашите мачиња

Најзастапени раси на мачки кај нас и неколку информации за нив:

  • Домашна мачка Felis Catus
  • Персиска мачка
  • Сијамска мачка
  • Мачка ангорка
  • Меин кун
  • Руска сина мачка
  • Британска мачка со кратко крзно
  • Сибирска мачка
  • Мачка сфинга (без крзно)

Апендикс: Кои растенија се отровни за мачињата и кучињата?

 

Се надеваме ќе уживаш и ти благодариме што си дел од нашата мисија за да помогнеме на животните <3