Спреј за смирување при стрес и анксиозност (Algo Stress)

880 ден

Спреј кој има дејство на смирување за миленици кои се наоѓаат во ситуации кои се стресни за нив и покажуваат знаци на непријатност, нервоза, паника и слично.

Направен од специјална формула со кафеави морски алги (fucus), есенцијално масло од мајорам и комбинација од повеќе хербални есенцијални масла кои имаат дејство да ги релаксираат милениците.

Се препорачува користење во следните ситуации:

  • промена на место на живеење, креветче, кафез
  • помага во ситуации кога миленичето е анксиозно или нервозно
  • кога има потреба да се смири и да се олесни патувањето
  • ако миленикот има проблеми со однесувањето поврзани со стрес
  • непријатности при патување, возење во кола, транспорт
  • при голем стрес кога се сами дома долго време
  • стресни посети на ветеринар и пост-оперативно закрепнување

Соодветно за кучиња и мачки од сите возрасти. Има освежувачки хербален мирис и делува смирувачки кон луѓето исто така.

98% природни и био состојки, без парабени и pH неутрално.

250ml