Croci Плава количка за миленици
11.300 ден
Количка за миленици која е практична и има функционалност како транспортер за миленици. Изгледа како стандардна количка, со повеќе места со мрежа за проток на кислород и појас за врзување за миленици. На долниот дел има простор каде може да ги оставите Вашите предмети или аксесоарите за милениците. Количката може да се затвори целосно со мрежа која се отвара и затвара со патент.
Количката за миленици е одличен аксесоар кој има за цел да Ви ги олесни секојдневните задачи со Вашите кучиња доколку тие не може да се шетаат, ако надвор температурите се ниски или високи или пак миленичето е повозрасно и не може да издржи активни прошетки. Овој модел на колички е соодветен за сите места каде што дозволени миленици, туристички места, во шопинг мол, продавници, паркови и слично.
Доколку не ја користите или пак Ви е потребно повеќе простор, со едно копче може да ја склопите што ја прави полесна за транспорт.
Максимална тежина: 15 кг (за едно или повеќе миленици)
Лесна за чистење, има дополнително додаток за заштита од дожд и ветер.