Croci Tofu Clean Песок за мачка од тофу со активен јаглен

1.400 ден

Tofu Clean е песок за мачки кој е целосно од растително потекло и базиран на соја. Целосно природен, биоразградлив и без хемиски состојки.

Гарантира максимално впивање и ги спречува лошите мириси, а е лесен и нежен на шепите на мачката. Исто така е и 100% безбеден и нема никакви лоши влијанија на животните и ниту пак на луѓето и не остава гребаници на подот и не прави прашина.

Соодветен за мачки на кои им смета прашината од песокот или покажуваат знаци на алергии. Дополнително овој песок не се лепи на крзното и шепите после користење на тоалетот.

После користење се формира во згрутчено топче, а бидејќи е направен од растителни влакна овој песок е комплетно био-разградлив и може да се отстрани директно во тоалетот, без да предизвика загадување или запушување бидејќи песокот целосно ќе се разгради. Нема потреба да ги собирате остатоците во кесички или да ги фрлате во корпа за отпадоци.

Во овој песок има и активен јаглен кој помага во ефективно намалување на непријатните мириси и ја зголемува впивливоста на песокот, што го прави полесен за чистење. Се препорачува за мачки кои имаат силен мирис на урина или пак за оние сопственици кои се посензитивни на мириси од миленици.

Начин на користење: Во тоалетот стави 6-7 цм од песокот или пак според потребите на твоето маче. Отстрани ги само оние делови кои се згрутчени во топче и додај песок да се балансира.

Едно пакетче песок трае 3-4 недели зависно од потребата на мачката.

Шифра: Не е достапно Категорија: