Хуманитарна кампања на Ј.П. Лајка за нашите најдобри пријатели

Кај нас се вели: раката што дава не се суши.

Затоа ние сме благодарни што Ве имаме сите Вас бидејќи без Вашите донации во изминатиот период ние немаше да израдуваме многу кучиња.

Благодариме на сите наши купувачи и посетители кои донираа разни производи за кученцата во Лајка, прекрасни сте!!!

Исто така, нашиот тим ја дополни донацијата и денеска бевме да ги посетиме највеселите опавчиња на целиот свет.

Уште еднаш, огромна благодарност на сите Вас кои дониравте за нашите крзнени пријателчиња и на целиот тим на Лајка кои секогаш не пречекуваат со љубов и внимание.

Како што вели Лајка: „Донирај. Биди дел од нивната шанса за подобар живот!“