Време е за вистинска приказна.
Јас како и сите ние никогаш не сме чувале мачка и сѐ што знаев за нив беше од книга и од тоа што ми кажувале луѓе. Сѐ до еден ден кога пред 5 години мало црно маче ни дојде пред Луна Пет и ни го освои срцето. Пантер не научи сѐ што знаеме за мачињата и иако повеќе не е со нас, тој секогаш ќе живее во нашите срцa.
Сето наше знаење за мачките е преточено во книга под наслов FELIS CATUS ВО МИТОЛОГИИТЕ И УРБАНОТО ЖИВЕЕЊЕ, која благодарени на Министерството за култура ја доживеа светлината на денот во испечатена форма.
Книгата од денеска се продава по цена од 150 ден во Луна Пет. Сите собрани средства ќе ги донираме како производи во Victor’s Ark – animals rescue organization во Велес, каде ќе израдуваме многу мачиња и кучиња каде ние лично ќе ги однесеме. Секако, со дополнителна донација од Луна Пет.
За Пантер, мачето кое не научи на сѐ.