„Хуманитарна изложба на миленици“ со Ветеринарен Факултет

Факултетот за ветеринарна медицина во Автокоманда организираа „Хуманитарна изложба на миленици“, каде сите средства беа донирани за Кочани. Поради големата важност и тежина која ја имаше овој настан, беше присутна и телевизиската екипа на Телма телевизија, за која ја дадовме изјавата: „Сите треба да си помагаме бидејќи секој може да се најде во истата ситуација, во која, за жал се фамилиите погодени  и поради тоа мораме да бидеме хуманитарни и да се подржиме едни со други, особено во вакви критични моменти“. На прашањето: „Дали сметате дека е доволна помошта што сега ја добија семејствата од Кочани?“,  одговорот беше: „Веруваме дека никогаш нема да биде доволно, колку финансиски, толку и емотивно. Од секој можен аспект треба да сме тука и да се подржиме. Така да, веруваме дека ниту оваа година, ниту долги години нанапред нема да биде доволно, но, важно е да знаат дека сме тука и дека сме со нив.“

Благодариме од срце на Факултетот за ветеринарна медицина за поканата. Ни беше огромна чест!