И Луна Пет беше дел од првите “Кокерски олимписки игри”

Огромно е задоволството да се биде дел од првите „Кокерски олимписки игри“, една извонредна  хуманитарна дружба со кучиња која за прв пат се одржа кај нас,  организирана од Кокер Клуб Куманово.  На оваа дружба со нашите крзнени пријателчиња, освен кокери, уживаа и уште многу други кученца, на кои среќата што се присутни на овој настан се забележуваше во мавтањето на нивните опавчиња и веселото трчање на сите страни.

Целиот настан, освен за дружба со нашите крзнени миленичиња,  беше проткаен со едукативен, но и со хуманитарен карактер, за што главна заслуга имаше Galas Gift Shop, на чиј штанд посетителите несебично донираа средства  за Нил, Тигра и Доби.

Искрено, Ви благодариме на честа што ни ја укажавте и Луна Пет биде дел од вакво значаен настан, за кој веруваме дека ќе прерасне во традиција.

До следните „Кокерски олимписки игри“!

Датум на настан: 11.05.2025