Привилегија е кога работиме со компании со големо срце.
Нашите партнери, произведувачи на најквалитетната органска козметика за миленици, BIOGANCE од Париз, Франција, имаат програма за донација на 20 кг органски шампон за кучиња и 5 кг кондиционер за крзно на шелтер центри ширум Европа, па секако и за Македонија.
Нашето прво предавање на донација од овој тип од нашите партнери беше на кученцата кои се згрижени во Лајка. Силно веруваме дека заедно можеме да придонесеме за подобро утро за сите нас и нашите миленици, бидејќи на сите нам љубовта кон животните ни е огромна.
Ви благодариме BIOGANCE на несебичната хуманост кон милениците и се надеваме дека Вашиот пример ќе го следат и други компании од пет индустријата.
А за следната донација, заеднички ќе одбереме друг (регистриран) шелтер центар во Македонија.