И оваа година дел од тимот на Луна Пет го посети меѓународниот саем за миленици ZOOMARK во Болоња, кој се одржува на секои 2 години и е втор по големина во Европа.
На саемот се сретнавме со нашите партнери и соработници, ги видовме сите нивни новитети, секако, за и ние да бидеме во тек со сите нови светски трендови, за потоа да ги предочиме на сите вљубеници и сопственици на миленици.
Најинтересниот дел беше огромната палета на раси на миленици кои слободно трчкаа низ халите и душкаа по штандовите, кои навистина мирисаа извонредно од разните нови видови храна и грицки кои претставниците со гордост ги презентираа пред посетителите и ги нудеа на дегустација на сите крзнени пријателчиња, кои, секако, ништо не одбиваа.
Секоја посета на саем за миленици за нас претставува едно ново прекрасно искуство, една нова едукација и искрено веруваме дека сето тоа тамо што го научивме, ќе можеме да го имплементираме и кај нас, а со цел подобра грижа и нега за нашите крзнени пријателчиња.
Време на посета на саемот: 12-15 мај 2025