Хани е куче на кое животот ми донело многу предизвици, но таа се уште не пречекува со насмевка.
Хани живееше на улица, кога некој нечовек во неа испукал дијаболи, па таа се здоби со тешки телесни повреди од кои остана трајно неподвижна со задните нозе. Но нејзина светла точка во животот е Ива, која не се откажа од неа и упорно се обидува да и овозможи подобар живот и да и даде шанса на Хана повторно да трча и да си игра со омилените играчки.
На моменти ситуацијата изгледаше безнадежна и се сметаше дека еутаназија е единственото решение, но овие две девојки не го прифатија тоа и за последен пат се решија да ги дадат сите напори, бидејќи Хани го заслужува тоа.
Благодарение на Ива и сите оние кои и дадоа поддршка, денеска Хани е повторно среќно куче кое го гледа светот од нова перспектива и има цело срце за давање. Хани во ниеден момент не ја изгуби насмевката и како да знае дека количката е тука за да и помогне, па веднаш ја прифати и напредува одлично.
Желбата на Ива е да ја рехабилитира Хани целосно и потоа да и најде фамилија која ќе ја сака и чува, зошто таа е навистина посебно куче.
нам дека си плачеш додека го читаш ова, верувај си плачеме и ние. Ама од среќа е ова, овие солзи душа греат.
Чекаме убави вести, силно веруваме дека ќе има дел два од оваа приказна!