Среќен 9-ти роденден Луна Пет!!

Секогаш сме кажувале, ќе кажеме и сега: „Ние нѐ би биле тука без Вас“ и затоа сме Ви бескрајно благодарни што веќе 9 години задно растеме , се едуцираме и се дружиме со Вас и Вашите миленичиња.

Вам Ви благодариме за сета доверба која ни ја укажавте за нега и грижа околу Вашите миленичиња, а ние секогаш ќе се трудиме да бидеме подобри од секој можен аспект.

Сепак, тоа што сите нас нѐ зближи и нѐ неправи едно големо семејство, е огромната љубов кон крзнените миленичиња која на сите нам ни тлее во срцето и душата.