Да се сретнеш со личности кои цел живот ти се идоли е посебно задоволство. Но, да имаш
можност да поминеш време со нив во теми на разговор кои ви се заеднички, е среќа која не
може со зборови да се опише.
Така е мојот денешен разговор со Сузана Турунџиева во утринската емисија „Добро утро секое
утро“на Алфа Телевизија каде имавме можност да поразговараме околу анксиозноста на
милениците и како треба да се справиме со истата. Исто така разговаравме и за нашите
миленици, колку тие ни значат и како можеме да бидеме подобри сопственици.
Половина час пред камера во живо ни „летнаа“ во студиото, времето помина многу брзо без
да почувствуваме, а тоа до сега не ни се случило. И сето тоа благодарение на
професионалноста во работењето, но и на позитивната енергија и харизма која Сузана во текот
на разговорот несебично ги ширеше околу себе.
Од срце сме благодарни за поканата да бидеме гости во утринската емисија „Добро утро секое
утро“ на Алфа Телевизија и едвај чекаме да се видиме повторно.
Линк до емисијата: https://youtu.be/vGLFbHNfp8w?feature=shared

