Луна Пет на гости во утринската емисија „Македонија наутро“ на МТВ

На крајот од месец октомври бевме гости во утринската емисија „Македонија
наутро“ на националната телевизија МТВ и си поминавме навистина
прекрасно со Мартин Николовски и целата екипа.
Разговаравме за грижата на нашите миленици во есенскиот период, кои
промени треба да ги направиме со храната, како да се грижиме за нивното
здравје кога температурите опаѓаат, кои и какви додатоци, т.е. суплементи се
потребни да се додадат во исхраната со цел да се одржи здравјето и
виталноста на милениците, хигиената и др. Споделивме многу интересни и
важни совети за кои искрено веруваме дека ќе ни бидат од голема полза околу
нашите сакани миленици.
Од цело срце се заблагодаруваме на поканата на Ване Маркоски. Ние сме
секогаш пресреќни кога можеме да се дружиме во утринската емисија
„Македонија наутро“ на нашата националната телевизија МТВ и да
споделуваме совети за кои искрено веруваме дека ќе бидат корисни за нашите
најдобри пријатели.
Доколку сакате да дознаете што точно разговаравме, можете да ја погледнете
цела емисија на youtube. Линк до емисијата:
https://youtu.be/otShK-WhRlE
Ви благодариме Ване и Мартин, секогаш сме воодушевени кога гостуваме кај
Вас!!!