Златните години на нашите миленици: Водич за грижа за сениор кучиња

Многу лесно може да најдеме информации за малите кутриња (puppies) како и за возрасни кучиња, но навистина ретко може да најдеме информации за сениорите. Како и луѓето, и кучињата стареат, но наместо страв и паника треба да сме среќни! Нашето куче успеало да стигне до оние “златни години” каде подобро се разбираме, ги знаеме заедничките навики и си се имаме научено едни со други. Затоа зборот “сениор” не треба да не плаши, туку треба да не прави среќни. Ајде заедно да ги одговориме сите прашања и да научиме што значи кога нашето куче ќе влезе во сениор возраст.

Нашите кучиња живеат сè подолго и подолго поради напредокот во ветеринарната медицина и зголеменото ниво на грижа од страна на родителите кои чуваат домашни миленици.

Кога твоето кучето станува „сениор“?

Согласно растот и килажата на твоето куче, сениор започнува од следната возраст:

  • Мали раси (до 10 кг): после 10–12 години

  • Средни раси (10–25 кг): после 8–10 години

  • Големи раси (25–40 кг): после 6–8 години

  • Гигантски раси (40+ кг): после 5–6 години

Сепак и оваа табела не значи дека е точна за секое куче бидејќи стареењето како и се останато кај кучињата е индивидуално и е дирекно поврзано со начин на живот, исхрана, нега, здравје и генетика. Затоа некои кучиња иако се влезени во сениор фазата изгледаат и се чувствуваат одлично и покрај нивните години.

Што треба да смениме кога ќе станат сениори?

Најважно е да знаеш дека во никој случај не треба да правиш нагли промени ниту пак да вметнуваш работи кои до сега не биде дел од Вашето секојдневие. Како што кучињата стареат, тие стануваат поуморни, пребирливи и навистина си го ценат мирот и удобноста (слично како и кај луѓето) па затоа наша работа е да им го направиме животот лесен и едноставен. Но, сепак има неколку работи на кои треба да посветиш внимание или пак да направиш мала и постепена промена:

  • Исхраната станува важна каде мора да внесат протеини и влакна за да не се успори метаболизмот.
  • Коските и зглобовите стануваат кревки па се препорачува додавање суплементи во секојдневието.
  • Нивната енергија и сила полека се намалува, па затоа правете помали прошетки без многу напор.
  • Имунитетот станува кревок па затоа често треба да се носи на проверки кај ветеринарот
  • Забите може да предизвикаат болка – често помагаат помеки гранули или влажна храна
  • Имунитетот опаѓа – затоа е важно да се внесуваат антиоксиданси и омега масни киселини

Кои се првите знаци на стареење?

Пред да ги прочиташ знаците на стареење најважно пред се е да го познаваш твоето куче и неговото однесување зошто само така може да препознаеш кога нешто не е во ред или први знаци на непогодност и стареење. Секако тука треба да ги земеме и во предвид и менталните промени и предизвици, па може внимавај на следниве промени кај твоето куче:

  • Побавно движење или брзо уморување
  • Заматени очи, намален слух
  • Зголемување на телесната тежина или губење на мускулна маса
  • Помала толеранција на топлина или студ
  • Повеќе дремки, помалку интерес за игра
  • Повремена конфузија или вознемиреност (особено ноќе)

П.С. Секое мало однесување кажува нешто, затоа следи ги промените со љубов и внимание.

Како можам да му помогнам на моето сениор куче?

Како што напоменавме и претходно, во оваа фаза не се препорачува да правиш нагли промени кај твоето сениор куче бидејќи се што е ново може да биде потешко прифатено и конфузно. Затоа наша работа како нивни сопственици е да најдеме начин да им го олесниме секојдневието, да ги заштитиме и да им угодиме колку ни се можностите. Еве на кои работи може да внимаваш и да направиш мали промени:

  1. Кратки, но почести прошетки кои нема да го уморат и ќе бидат лесни на зглобови и циркулација

  2. Ортопедско креветче кое ќе даде максимална поддршка на телото и коските и ќе му овозможи одмор кој им е многу потребен

  3. Редовни ветеринарни контроли најмалку двапати годишно зошто промените може да дојдат ненадејно и ние мора да сме во тек

  4. Контрола на тежина бидејки вишокот килограми создава болка во зглобовите па  затоа не смее да дозволиме нашето куче да има вишок килограми

  5. Игри за мозокот за да им даде ментален стимул како: мирисни игри, играчки со храна, лесни тренинзи и слично

  6. Стабилна рутина е важно да се задржи со истото време за јадење, спиење и шетање што ја намалува анксиозноста

Природни додатоци за поддршка

Веќе е познато дека на сениор кучињата потребно им е екстра поддршка зависно од нивните слабости, па затоа секојдневната исхрана може да ја надополниме со следните природни додатоци на исхрана:

Совет од Pet Coach Despina: „Кога ќе се комбинира квалитетна храна со природни додатоци, стареењето станува процес на грижа, не на губење.“

 Емоционална грижа

Постарите кучиња чувствуваат и најмала промена во нашата енергија.

  • Давај им помалку стимулација, но повеќе љубов

  • Разговарај со нив со мирен тон

  • Масирај ги нежно – тоа го поттикнува протокот и ги релаксира

  • Не заборавај дека секој ден со нив е подарок исполнет со благодарност

Да се има постаро куче е чест, не обврска. Тие нè учат што е вистинска оданост и тивка љубов.
Со правилна нега, добар сон, здрава исхрана и љубов — секој ден може да биде нова причина за радост.

Најголемиот подарок што можеш да му го дадеш на постарото куче е истата безусловна љубов што ти ја даваше цел живот💛