Од кога милениците ни станаа деца?

Може да кажеме дека има два типови на луѓе во светот: оние кои чуваат куче и оние кои преферираат маче. И во оваа поделба се кријат два големи светови исполнети со дружби, активности и секојдневни обврски кои ги имаме кон нив.

Но, што е сега сменето? Millennials, односно лицата родени од 1990 до 1999 година се почесто ги сметаат миленици како свои деца! И не само тоа, туку се одлучуваат да живеат поинаков живот од генерациите пред тоа, како градење на фамилија, опремување дом и слично. Сигурно до сега ти е познат терминот како dog mum или dog dad, па веќе знаеш за што разговараме.

Кои би биле причините за овој тренд?

За почеток, финансиите играат голема улога бидејќи да се има милениче е скапо, но кога ќе го споредиш со трошоците да се има дете се далеку пониски. Да се има милениче значи дека ни е потребна основна опрема како: храна, тањирчиња, кревет, играчки, опрема за шетање и слично. Тука се и ветеринарните трошоци, груминг и останато. А за дете, ова би било само почеток.

Следна причина која се наведува е слободата, милениците бараат нега и внимание ама не и постојан надзор како децата и бебињата. Сепак миленичето може да го оставиш само дома додека си на работа, ама децата мора или да ги чува некој или да одат во градинка.

Милениците се сметаат како добра пракса пред паровите да се одлучат да имаат деца, па затоа прво се зема куче па потоа планираат фамилија. Како што спомнавме погоре, не е исто да се има миленик и дете, но барем паровите ќе имаат идеа како е да се делат обврски и да се грижиш за некој друг кој е целосно зависен од тебе.

Зависно од кој агол ќе ја погледнеш оваа дискусија која е трендинг во моментов, може да се каже дека куче и дете е исто ама е сепак различно. Да се добие нов член на фамилија е радост која не е споредлива со ништо друго на светот, ама додека миленијалс се одлучат за тој чекор тука се миленичињата.

Што мислиш ти на оваа тема? Дали оваа генерација се во право или се на сосема погрешна насока? Пиши ни во коментар:

P.S. Растенијата се новите миленичиња! 😊