Ликовен конкурс: Нацртај го твојот „pet“ за одличен 5

Веќе четири години по ред, Луна Пет организира ликовен конкурс за најмалите за заедно да ја започнеме школската година!

Се надеваме дека сте спремни за одлични цртежи и оваа година <3

Темата за оваа година ни е:

„Моето најубаво милениче “

Кој има право да учествува?  Сите деца до 14 годишна возраст.

Што треба да направам? Да нацрташ и обоиш лист од блок број 5, каде со сета твоја креативност ќе ни го претставиш својот миленик: куче и/или маче.

Како ќе се знае дека е мој цртежот? На позадината на листот треба да стои:

  • за деца од предучилишна возраст: Име и презиме, година на раѓање, адреса,

е-маил и телефон за контакт;

  • за ученици: Име и презиме, име на училиштето, одделение, адреса, е-маил и телефон за контакт.

Детските цртежи треба да се достават најдоцна до 25-ти Октомври на адреса:

Луна Пет Бул. 3-та македонска бригада бр. 43 Лок. 9. Аеродром 1000 Скопје

Нашето жири ќе ја има најтешката задача, а тоа е да одбере 3 најкреативни цртежи! Сите избрани уметници ќе добијат диплома за учеството и вредносни ваучери кои може да ги искористите во Луна Пет за производи по Ваш избор.

I место- ваучер од 2.000 ден

II место- ваучер од 1500 ден

III место- ваучер од 1000 ден

Закажуваме заедничка дружба во Сабота на 26-ти Октомври каде ќе ги прикажеме сите цртежи, ќе ги доделиме дипломите со ваучерите и ќе се дружиме со дечињата и нивните миленичиња!

Доколку имаш некое прашање може да не побараш ма 070 209 773, на меил lunapetcom@gmail.com или на некој од нашите social media профили!

Наши драги дечиња, со цело срце чекаме да видиме какви цртежи

 сте нацртале и оваа година за нас!

Со љубов, тимот на Луна Пет <3