Дали знаеш дека во 2024-та година 79% од кучињата во светот биле на одмор со нивните сопственици? А колку од нив знаат факти за забите на нивното куче? Хммм. Веројатно не многу. Ајде да го смениме тоа!
- Тие менуваат два сета на заби во нивниот живот
Исто како и што и ние луѓето менуваме заби кога сме деца, истото се случува и на нашите најдобри пријатели. Тие се раѓаат без заби, а на 3 недели започнуваат да ги добиваат своите млечни заби. На 6 недели веќе ги имаат сите 28 млечни заби. Од 3 месец почнуваат да ги менуваат забите од млечни во трајни, возрасни заби. До 6 до 8 месец сите заби би требало веќе да им се излезени и да нема потреба да ги чеша од играчки или можеби од твојата омилена патика!
Тие ги губат забите на сличен начин како и ние, прво почнуваат да се клатат и самите им паѓаат додека јадат, си играат или се шетаат. Затоа не се секирај ако најдеш запче кај играчките или во јадењето, тоа е сосем нормално 😊
- Тие имаат повеќе заби од нас!
Кога тие се мали кутриња, тие имаат 28 запчиња. А кога ќе пораснат, тие треба да имаат 42 возрасни заби. Дали знаеш колку возрасни заби имаме ние? 32! Тоа значи дека твојот најдобрар пријател има 10 запчиња повеќе од нас (ептен интересно нели😊)
- Кучињата ги користат забите на поинаков начин
Можеби сте слушнале дека острите заби во нашата вилица се викаат “кучешки заби”. Тоа е така бидејќи забите на кучињата се многу поостри за разлика од нашите, а секако и има важна причина зошто е тоа така!
Нивните предни заби природно се долги и остри, за полесно да може да го фатат и приклештат пленот со забите. Поназад во вилицата забите се подебели и широки за да може да ја џвакаат храната бидејќи тие заби се посилни и цвсти. Оди и види ги забите сега и ќе ја видиш разликата! Тие кога сакаат за гризаат нешто цврсто, никогаш не го прават тоа со предните заби, туку го туркаат подоле во вилицата каде забите имаат повеќе сила. Нивните заби не може да ја сомелат храната толку ситно како што можеме ние, што е уште еден многу интересен факт.
- Коренот на забите е сличен како и нашиот
Многу малку луѓе знаат колку всушност е голем коренот на забите и колку длабоко се во нашата вилица! Тоа е некоја сличност која ја имаме со нашите пријатели, со една мала разлика: трите горни катници и двата долни катници имаат по 2 корени!
- Тие ретко имаат кариес на забите
Е за ова може да им бидеме и по малку љубоморни, тие имаат поинакви бактерии во устата и поради таа причина имаат поздрави заби кои ретко се расипуваат. Замисли ние да ја имавме таа среќа, воопшто не звучи како лоша идеа!
Дали знаеш како се појавува кариесот? Тоа е всушност бактерија која живее на рамна површина на забите и шеќерот го претвараат во киселина. Кучињата исто така не конзумираат шеќер колку и нас, па тоа е уште една причина за да немаат проблем со расипани заби.
Доколу твоето куче јаде благи работи, како банана или грицки со шеќери може да му се појави и кариес, затоа секогаш читај ја етикетата на производот.
Важно инфо: проблемите со забите кај нашите миленици се многу тешко да се забележат на време, се додека не стигнат во напредната фаза. Тие можеби се спасиле од кариес, ама затоа не може да ни кажат доколку имаат некој проблем. Наша задача како сопственици е да внимаваме на забите и да реагираме на време, за да имаме време да реагираме на време.
Затоа ние ќе ти откриеме неколку тајни како да ги одржуваш забите на твоето куче и кои производи ти се потребни.
До следно читање! <3