Велигденска дружба во Луна!

Вашите омилени pet-loving бизниси: Skopje Paws, Gala`S Gift Shop,  Groom House и секако Луна Пет се здружија за Велигденскиот празник и направија нешто посебно и незаборавно за Вашите миленици и секако и за Вас, а тоа беше омилениот настан од минатата година – боење на велигденски јајца со шепи.

И оваа година како и лани си поминавме навистина прекрасно и сите кои дојдовте во Луна Пет си добивте по едно јајце, секако фарбано од шепите на Вашите миленици. И не се сомневаме дека кога и да го видите, ќе бидете  насмеани „од осмица до осмица“.

Боевме јајца од стиропор, но, ретко кој си замина и без некоја обоена шепа на себе.

Голема благодарност упатуваме до Skopje Paws, Gala`s Gift Shop и  Groom House  и се надеваме дека повторно по некој повод ќе се здружиме и ќе организираме една заедничка дружба со Вас и Вашите миленици,  на која ќе се забавуваме, подаруваме и едуцираме.