Кога ќе не поканат Лајка за дружба со нашите миленичиња, ние веднаш прашуваме: кога и каде?
Овој пат бевме поканети на хуманитарна дружба со нашите миленици под слоганот ВДОМИ ЉУБОВ ФЕСТ во Градски парк во Скопје, настан кој јасно ја испрати пораката „Љубовта не се купува, таа се вдомува“.
Најспектакуларно на настанот беше дефилето на кученца од Лајка, кои гордо дефилираа и стрпливо чекаа да бидат избрани и вдомени од страна на хумани семејства со огромна љубов кон кучињата.
Како што велат од Лајка: „Вдоми љубов фест беше потсетник дека секое куче заслужува дом и шанса за нов почеток.“
До наредна дружба!