Натали Смилевска – холистички терапевт и Telepathic animal communication во Луна Пет на 20.09.2025, сабота од 11.00 до 14.30 ч.

Која е Натали Смилевска, нашата специјална гостинка?

„Мојата желба отсекогаш била да им помагам на луѓето и животните. Но, мојот пат започна со образование во полето на економијата. Во исто време студирав мастер студии и работев, живеев под кирија и требаше да се грижам како ќе го поминувам месецот. За мене тоа беше огромен стрес во тој период, што ми ја активираше анксиозноста. Работев на место, кое што не беше по мојата струка на кое што придонесував многу, а добивав малку. Во мене растеше незадоволството секој ден, се чувствував огорчено и неисполнето и имав огромен притисок.Тогаш реков дека е доста да се чувствувам така и започнав со трансформација преку длабока работа на себе. Од сите тие поминати едукации во тој период, ми се исполни срцето со желбата дека јас треба да им помагам на луѓето и животните и тоа е тоа што ме исполнува и ми носи радост во животот“.

Нејзиното образование, не заврши, сѐ уште трае и во моментов треба да го одбрани дипломскиот труд на 4 годишните студии на Факултет за Психологија, нејзиниот втор факултет. Денес Натали е познат и признат холистички терапевт која успешно им помага на луѓето да се ослободат од анксиозноста и стресот за да го живеат животот во радост, благодарност, автентичност, мир и успех, за да можат да ги откријат своите животни цели и да ги остваруваат слободно и со леснотија.

Им помага и на домашните миленици да живеат среќен, задоволен и опуштен живот со своите сопственици, преку телепатска комуникација со нив и енергетско исцелување. Тоа се нејзината љубов и мисија.

Затоа, доколку Вашето милениче има проблеми со анксиозност, страв или стрес поради одредени причини, во сабота на 20.09.2025 г. од 11.00-14.30 ч. Ве очекуваме во Луна Пет, каде таа со огромно задоволство ќе Ве советува како да се справите со проблемите на Вашите миленици.

Како и секогаш, настанот ќе биде проследен со дегустација за сите наши крзнени пријателчиња кои ќе дојдат да се дружиме и со подарок: art & craft – направи си греданче за твоето милениче и многу забава и дружење.

Со огромно задоволство Ве очекуваме!!!

Тимот на Луна Пет и Натали Смилевска