Петти ликовен конкурс: Нацртај го твојот „pet“ за одличен 5

Ликовен конкурс:  Нацртај го твојот „pet“ за одличен 5🎨🎉
Веќе четири години по ред, Луна Пет организира ликовен конкурс за најмалите за заедно да ја започнеме школската година! 📚🎓
Се надеваме дека сте спремни за одлични цртежи и оваа година 😍
💥Темата за оваа година ни е:
„Моето единствено милениче “
👉Кој има право да учествува?  Сите деца до 14 годишна возраст.
👉Што треба да направам? Да нацрташ и обоиш лист од блок број 5, каде со сета твоја креативност ќе ни го претставиш својот миленик: куче и/или маче.
👉Како ќе се знае дека е мој цртежот? На позадината на листот треба да стои:
– за деца од предучилишна возраст:  Име и презиме, година на раѓање, адреса,  е-маил и телефон за контакт;
– за ученици:  Име и презиме, име на училиштето, одделение, адреса, е-маил и телефон за контакт.
🚨Детските цртежи треба да се достават најдоцна до 14 Ноември на адреса:
Луна Пет Бул. 3-та македонска бригада бр. 43 Лок. 9. Аеродром 1000 Скопје
🙇‍♀️Нашето жири ќе ја има најтешката задача, а тоа е да одбере 3 најкреативни цртежи! Сите избрани уметници ќе добијат диплома за учеството и вредносни ваучери кои може да ги искористите во Луна Пет за производи по Ваш избор.
I место- ваучер од 2.000 ден
II место- ваучер од 1500 ден
III место- ваучер од 1000 ден
📍Закажуваме заедничка дружба во Сабота на 15-ти Ноември каде ќе ги прикажеме сите цртежи, ќе ги доделиме дипломите со ваучерите и ќе се дружиме со дечињата и нивните миленичиња!
Доколку имаш некое прашање може да не побараш ма 070 209 773, на меил [email protected] или на некој од нашите social media профили!
Наши драги дечиња, со цело срце чекаме да видиме какви цртежи сте нацртале и оваа година за нас!
Со љубов, тимот на Луна Пет ❤️🍀