ОТВОРАЊЕ НА ЛУНА ОРТО ПЕТ – нова продавница за здравје и среќа на нашите миленици

Добредојдовте во нашиот нов дуќан!!!
Заедно со Вас започнуваме нова приказна: ортопедски и велнес центар за
нашите миленици. Катче кое целосно го посветуваме кон здравјето, удобноста
и среќата на нашите миленици со ортопедски помагала и производи, како и
суплементи и додатоци во исхрана кои се целосно на природна база.
Со внимателно избраната понуда на ортопедски помагала и природни,
безбедни и проверени суплементи, нашата цел е да им помогнеме на нашите
крзнени пријателчиња да имаат поквалитетно секојдневие и полесно да
чекорат низ животот.
Без разлика дали станува збор за ортопедски кревет или помагало или пак
природен додаток во исхраната, секој наш производ е одбран со многу љубов и
грижа.
Ве покануваме да нѐ посетите и да откриете едно ново ниво за грижа и нега на
нашите сакани миленици.
Како велат: здрав миленик е среќен миленик. А Луна Орто Пет е тука да
помогне нашите крзнени пријателчиња така да се чувствуваат секој ден!!!
Локација: ходникот кај Луна Пет.
Работно време: исто како и во Луна Пет.
Те очекуваме со твоето милениче!!!