Среќен 5-ти роденден Ј.П. Лајка!

Со голема радост и Луна Пет на 18 октомври беше дел од прославата на
јубилејниот 5-ти роденден на Лајка, која уште еднаш ја пренесе пораката која
води кон хумано и општествено одговорно општество – вдоми, не купувај.
Како си поминавме?? Тоа најдобро ќе Ви каже Лајка:
„Иако целиот ден врнеше, вашите насмевки, енергија и љубов кон кучињата го
направија овој ден сончев за нас. Среќни сме што гледаме дека околу Лајка
расте вистинска заедница — луѓе кои веруваат во хуман третман и втора
шанса за секое куче што не по своја вина завршило на улица. Со сите вдомени
кучиња кои беа денес со нас, уште еднаш ја потврдивме пораката во која
најсилно веруваме: љубовта навистина менува.
Секое куче заслужува дом. Секое куче заслужува љубов.“
И ние се придружуваме кон тоа.
Лајка, Ти посакуваме уште многу среќни и успешни родендени!!!