Љубовта кон нашите миленици е огромна, па затоа секако сите ние многу би биле радосни кога би имале рачно нацртан портрет, нели? Верувам дека сите ќе се согласите со нас, па затоа би сакале да дојдете на нашата дружба во Сабота каде ќе може да ја запознаете Корнелија, девојката која рачно ги црта сите прекрасни портрети од Шепа Лиза.
Ја прашавме Корнелија да ни раскаже повеќе за себе и за инспирацијата позади Шепа Лиза па еве што добивме како одговор:
“Јас сум Корнелија – графички дизајнер, ментор по цртање и сликање, и уметница зад псевдонимот Шепа Лиза. Под ова име создавам рачно насликани портрети од миленичиња на платно, во кои се спојуваат мојата љубов кон уметноста и кон животните.
Идејата за името се роди во еден еурека момент, кога си замислив познати уметнички дела со лик на миленичиња, како „Мона Лиза“ со лице на маче. Така настана „Шепа Лиза“; симболичен спој меѓу класичната уметност и топлината што ја носат нашите миленици.
Проектот започна како креативен израз на мојата лична поврзаност со животните, но со текот на времето прерасна во нешто многу повеќе: начин да ја преточам љубовта, благодарноста и хуморот што миленичињата ги внесуваат во нашите животи.
Кога не сликам, го споделувам знаењето со учениците на моите часови по цртање, и волонтирам во шелтери, каде што секојдневно ме потсетуваат дека уметноста и добрината се две страни на истата палета.
За мене, Шепа Лиза не е само уметност, тоа е приказна за љубов, спомени и шепи што оставаат траги во срцето.”
Верувам дека сте воодушевени од нејзината приказна па затоа Ве чекаме на дружба!
Ден: Сабота, 15-ти Ноември
Време: 11-14:30 часот
Локација: Луна Пет Шоп
Се гледаме, и секако дека милениците се поканети <3

